Во Турција се одржуваат локални избори во недела, на кои АК партијата на долгогодишниот претседател Реџеп Тајип Ердоган се обидува да ја врати контролата врз Истанбул, најголемиот град во Турција. Исходот од изборите може да ја одреди иднината на Турција. Известува Доријан Џонс.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предводи кампањата на неговата Партија на правдата и развојот за избор на Мурат Курум за градоначалник на Истанбул на неделните избори.
Курум ветува дека ќе изгради половина милион нови куќи за да го заштити Истанбул од заканата од земјотреси.
Актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу од главната опозициска Републиканска народна партија, предупредува дека враќањето на владеењето на Партијата на правдата и развојот ќе резултира со неконтролирана градба.
„Овие избори се важни за решавање на нерешените урбани проблеми, проблеми кои беа зголемени”, вели Имамоглу.
Шокантната изборна победа на Имамоглу во 2019 година стави крај на 30-годишната доминација на Ердоган врз градот. Тоа беше можно благодарение на широкиот изборен сојуз на прокурдската партија и турските националисти.
Но, тој сојуз пропадна откако не успеа да го победи Ердоган на минатогодишните претседателски избори.
„Се раздели опозициската коалиција. Сега сите сега имаат свој кандидат. Тоа е доказ за одличниот капацитет на Имамоглу за водење кампања и за дебитантските грешки на Мурат Курум дека или е мртва трка или Екрем Имамоглу е понапред за неколку поени”, вели Атила Јешилада од „ГлобалСурс Партнери“.