Свет Критики

Лидерите на два кибуца одбиваат средба со Нетанјаху

Кибуц Бери вели дека не ја бојкотира средбата сама по себе, туку наместо тоа го поканува израелскиот премиер да го посети кибуцот, пренесува Канал 12.

Лидерите на два кибуца одбиваат средба со Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со лидерите на заедниците кои живеат во близина на разурнатиот Појас Газа, а беа опустошени на 7 ноември, но најмалку два кибуци, Бери и Нир Оз, одбиваат да испратат свои претставници.

Заедниците го критикуваат израелскиот премиер што се сретнал со нив дури сега, речиси два месеци по разорниот напад, и затоа што одлучил да разговара само со раководството на кибуцот, а не со целата заедница, објави „Тајмс оф Израел“.

Кибуц Бери вели дека не ја бојкотира средбата сама по себе, туку наместо тоа го поканува израелскиот премиер да го посети кибуцот, пренесува Канал 12.

„Доколку премиерот сака да дојде во Кибуц Бери, да се сретне со администрацијата на кибуцот и членовите на кибуцот, да ги разгледа злосторствата извршени на 7 октомври и да разговара за плановите за рехабилитација на Бери, со претходен договор ќе бидеме среќни да му бидеме домаќини и без тим за комуникација“, се наведува во соопштението на кибуцот.

Оснат Пери, секретарот на Кибуц Нир Оз рече дека му предложиле на израелскиот премиер да се сретне со сите жители на кибуцот, децата, родителите, семејствата кои го преживеале страшниот масакр на 7 октомври.  (МИА)

To top