Свет

Лавров тврди дека се водат разговори за Северен тек со Вашингтон

Лавров тврди дека се водат разговори за Северен тек со Вашингтон

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека враќањето на руските енергетски испораки за Европа е во интерес и на Москва и на Вашингтон, тврдејќи дека се водат разговори за гасоводот Северен тек.

-Во моментов, се разбира, има несогласувања. Но, интересот за враќање на нормалното снабдување со енергија во Европа не е само интерес на САД и Русија, рече Лавров. „Се зборува за Северен тек. Би било интересно ако Американците го искористат своето влијание врз Европа и ја принудат да не се откаже од рускиот гас“, тврди тој.

Гасоводите „Северен тек“, кои ги поврзуваат Русија и Германија под Балтичкото Море, беа клучни рути за извоз на руски гас во Европа. Северен тек 1 започна со работа во 2011 година, додека Северен тек 2 беше завршен, но никогаш не беше пуштен во употреба.

To top