Свет Русија

Лавров: Израелските напади врз Појасот Газа се колективна казна за цивилното население

– Тоа што се случува во Појасот Газа не може да се разбере или опише … Чекорите што ги презеде Израел се колективно казнување на цивилното население, наведе Лавров.

Лавров: Израелските напади врз Појасот Газа се колективна казна за цивилното население

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ситуацијата во Појасот Газа ја нарече „најголема трагедија во тој регион“ и апелираше „за итен прекин на крвопролевањето“.

– Тоа што се случува во Појасот Газа не може да се разбере или опише … Чекорите што ги презеде Израел се колективно казнување на цивилното население, наведе Лавров.

Тоа е една од најострите критики на Москва за Израел од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година. Израел од 17 мај ги интензивира нападите врз палестинската енклава, со цел да го уништи Хамас.

– Заедно со нашите арапски пријатели и голем број други земји, бараме итно прекинување на крвопролевањето, нагласи Лавров.  (МИА)

To top