Свет технички проблем

Лансирањето на ракетата на Безос откажано во последен момент

Ракетата го ресетираше своето одбројување неколку пати, надминувајќи ја временската рамка за лансирање поставена за 4:00 часот по локално време.

Лансирањето на ракетата на Безос откажано во последен момент

Лансирањето на ракетата Њу Глен од компанијата Blue Origin на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано во последен момент поради технички проблеми.

Висока околу триесет ката и дизајнирана за повторна употреба, ракетата Њу Глен требаше да биде лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида, пренесува Хина.

Ракетата го ресетираше своето одбројување неколку пати, надминувајќи ја временската рамка за лансирање поставена за 4:00 часот по локално време.

Портпаролката на компанијата рече дека тимот истражува „неколку аномалии“.

-Го напуштаме денешниот обид за лансирање да го решиме проблемот со потсистемот на вселенското летало што ќе предизвика да го пропуштиме крајниот рок за лансирање, рече Blue Origin.

To top