Со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје
Секторот за санитарна контрола во периодот од 26.02.2024 до 01.03.2024 зема 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се вели во соопштението на ЈП Водовод и канализација – Скопје.