Свет Франс 2

Кристин Лагард: Реизборот на Трамп во САД е закана за Европа

– Треба само да ги погледнете трговските тарифи, неговата посветеност на НАТО, неговиот став кон борбата против климатските промени“, нагласи Лагард.

Кристин Лагард: Реизборот на Трамп во САД е закана за Европа

Реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД би претставувал „закана“ за Европа, изјави шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард.

-Ако учиме од историјата, при што мислам на начинот на кој тој (Трамп) ги водеше првите четири години од неговиот мандат, ова е очигледно закана, изјави Лагард за телевизијата Франс 2.

– Треба само да ги погледнете трговските тарифи, неговата посветеност на НАТО, неговиот став кон борбата против климатските промени“, нагласи Лагард.

На прашањето дали претседателството на Трамп може да ја остави Европа сама во поддршката на Украина против целосната инвазија на Русија, Лагард рече дека тоа е малку веројатно „бидејќи во американскиот Конгрес има голем број избрани членови кои се длабоко непријателски настроени кон ужасната војна на Русија против Украина и кои ќе продолжат да настојуваат за финансирање и поддршка на Украина“.

Најнови вести од Свет

To top