Тие две земји воспоставуваат билатерални односи, тоа е нивно право. Се разбира, секоја средба меѓу двете најголеми економии на планетата е важна за целиот свет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Бајден и Си денеска ќе се сретнат на имотот Филоли, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), чиј домаќин е Сан Франциско.
Предвидено е средбата да трае околу четири часа, на која двајцата лидери ќе разговараат за билатерални и глобални прашања.