Свет состанокот на лидерите на ЕУ

Кремљ ќе возврати ако ЕУ го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина

„Русија ќе преземе возвратни мерки во согласност со сопствените интереси“- истакна Дмитриј Песков.

Кремљ ќе возврати ако ЕУ го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина

Кремљ соопшти дека Русија ќе преземе возвратни мерки во согласност со сопствените интереси и ќе ги искористи сите правни механизми со кои располага, доколку Европската унија го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина.

Ова го коментираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се разговара за ова прашање. (МИА)

To top