Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа, „при што копнените сили се судираат со оперативците на Хамас и се изведуваат напади врз инфраструктурата на терористичката група“.
Континуираните борби доаѓаат во услови кога Израел и Хамас се согласија на привремено примирје за да се овозможи ослободување на заложници. Примирјето се уште не стапило во сила.
ИДФ соопшти дека во текот на ноќта се извршени голем број воздушни напади против локации на Хамас, извршена е рација на Шеик Заид, во близина на Џабалија, и уништени се голем број набљудувачки пунктови на Хамас, како и рација во областа Беит Ханун каде до еден дом е пронајдено складиште за оружје.
Израелската армија „се судрила со оперативци на Хамас во северниот дел на Газа, при што загинале неколку од нив“, погодена е инфраструктура на тунелот на Хамас во северниот дел на Газа од каде што оперативци отвориле оган врз војниците пред неколку дена, а една бригада на ИДФ идентификувала зграда во северна Газа во која имало „оперативци на Хамас и оружје, и ја уништила, убивајќи ги оние што биле внатре“.
Морнарицата, исто така, извршила напади врз локации на Хамас долж брегот, вклучително и станбена зграда од која снајперисти на Хамас отвориле оган врз копнените сили, соопштија ИДФ. (МИА)