Свет

Комитет на ОН го обвини Израел за сериозно кршење на правата на децата во Појасот Газа

Комитет на ОН го обвини Израел за сериозно кршење на правата на децата во Појасот Газа

Комитетот на ОН за правата на децата денеска го обвини Израел за тешки прекршувања на глобалниот договор за заштита на правата на децата, наведувајќи дека војната на земјата во Појасот Газа е меѓу најтешките прекршувања во поновата историја.

– Невидената смрт на деца е речиси историски единствена. Ова е исклучително темно место во историјата, изјави Браги Гудбрандсон, потпретседател на Комитетот.

Тој додаде дека смета оти никогаш немало „масовно“ кршење на правата на децата како што моментално се случува во палестинската енклава, пишува „Тајмс оф Израел“.

Најнови вести од Свет

To top