Свет

Киријакос Пиеракакис избран за нов претседател на Еврогрупата

Грчкиот министер за финансии Киријакос Пиеракакис попладнево е избран за нов претседател на Еврогрупата.

Киријакос Пиеракакис избран за нов претседател на Еврогрупата

Грчкиот министер за финансии Киријакос Пиеракакис попладнево е избран за нов претседател на Еврогрупата.

На попладневното гласање за Пиеракакис се изјасниле мнозинство од вкупно 20-те министри членови на Еврогрупата, со што тој го совлада единствениот противкандидат за функцијата, вицепремиерот и министер за буџет и административно поедноставување на Белгија, Винсент Ван Петегем.

Пиеракакис ќе го наследи Паскал Донахју, кој на 18 октомври поднесе оставка на функциите претседател на Еврогрупата и ирски министер за финансии, со цел да ја преземе должноста управен директор во Светската банка.

Од оставката на Донахју, в.д. претседател на Еврогрупата е кипарскиот министер за финансии Макис Керавнос.

Претседателот на Еврогрупата, кој се смета за еден од повлијателните функционери во Европа, се избира од редовите на министрите кои се нејзини членови и тој по изборот ја задржува и министерската функција.

Еврогрупата е консултативно тело составено од министрите за финансии од земјите од Еврозоната во чија надлежност се прашања поврзани со европската финансиска и монетарна политика. Еврогрупата е основана во 1997 година и во почетокот нејзините членови ротираа на претседавачката функција на секои шест месеци, но од 2005 година таа избира свој постојан претседател со мандат од две и пол години и со право на реизбор.

To top