Свет

Кипар предлага формирање на регионална организација за безбедност на Блиски Исток

Кипар размислува за формирање регионална безбедносна организација на Блискиот Исток по примерот на НАТО и ОБСЕ, изјави денеска претседателот Никос Христодулидес, наведувајќи дека тоа би можело да биде платформа за зајакнување на стабилноста во еден од „најнестабилните региони во светот

Кипар предлага формирање на регионална организација за безбедност на Блиски Исток

Кипар размислува за формирање регионална безбедносна организација на Блискиот Исток по примерот на НАТО и ОБСЕ, изјави денеска претседателот Никос Христодулидес, наведувајќи дека тоа би можело да биде платформа за зајакнување на стабилноста во еден од „најнестабилните региони во светот“.

Според него созреани се потребните политички услови за формирање тела за безбедност и соработка.

– Ако сакате, нека биде НАТО или нека биде ОБСЕ на Блиски Исток, тоа би ги истакнало предностите од промоцијата на регионалната соработка, наведе Христодулидес.

Тој додаде дека Кипар е подготвен да ја предводи иницијативата и да се позиционира како дипломатски мост помеѓу Европа и нејзините јужни соседи.

Кипар, земја-членка на ЕУ, веќе функционираше како центар за евакуација на цивили на Блискиот Исток, вклучително и воздушен транспорт преку Судан и други нестабилни области, а исто така служеше и како поморски коридор за испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа.

To top