Свет

Кина планира намалување на даноците за купување на дом

Кина планира намалување на даноците за купување на дом

Кина се обидува да ги намали даноците за купување дом, со цел да се зајакне фискалната поддршка за секторот за недвижности.

Регулаторите подготвуваат предлог, со кој се предвидува во големите градови како Шангај и Пекинг да се намали данокот за купувачите до еден процент од сегашното ниво од три отсто.

Во обид да се зајакне секторот за недвижнини кинеските власти минатиот месец најавија зголемување на достапните кредити за незавршени станбени проекти на повеќе од 500 милијарди долари.

Пекинг изминатите месеци објави низа мерки насочени кон зајакнување на економската активност, вклучително и олеснување на некои ограничувања за купување дом.

Секторот за недвижнини изминатите две децении забележа раст, а долго време сочинуваше околу една четвртина од бруто домашниот производ на Кина.

To top