Во неодамнешните заеднички воени вежби со Камбоџа, кинеската војска ги покажа способностите на новото „куче-робот“ вооружено со автоматска пушка на грбот.
– Тоа може да послужи како нов член во нашите урбани борбени операции, заменувајќи ги нашите човечки членови, да врши извидување, да го идентификува непријателот и да ја гаѓа целта, изјави војникот Чен Веј за Кинеската државната телевизија.
Видеоснимките од вежбата „Златен змеј 2024: Кина – Камбоџа“ го покажуваат роботот како се движи напред-назад, скокнува, „лежи“ – управувано со далечински уред.
Воената употреба на роботски кучиња не е нешто ново. Во Кина лани во ноември се одржа заедничка вежба на кинеската, камбоџанската, лаоската, малезиската, тајландската и виетнамската војска. Во 2020 година, американските воздухопловни сили исто така демонстрираа употреба на кучиња-роботи.
🇨🇳 PLA showcased two robot dogs — including one with a QBZ-95 assault rifle mounted on its back — during the 15-day China-Cambodia Golden Dragon 2024 joint military exercises that began on May 16. pic.twitter.com/b75K26BWzo
— Byron Wan (@Byron_Wan) May 27, 2024