За време на утринскиот напад на Украина, Русија за првпат лансирала интерконтинентална балистичка ракета од јужниот регион Астрахан , соопшти Украинската воздушна команда. Ова е првпат Русија да употреби толку моќна ракета со долг дострел за време на војната.
Нападот дојде откако Украина оваа недела употреби американски и британски ракети за да нападне внатре во Русија, за кои Москва со месеци предупредува дека ќе настане поголема ескалација на конфликтот.
Цел на рускиот напад биле индустриски објекти и критична инфраструктура во градот Днипро во централно-источна Украина, соопшти украинската војска, додека 33-месечниот конфликт продолжува да се интензивира.
Овие ракети имаат дострел од неколку илјади километри и можат да носат нуклеарни боеви глави, иако можат да се користат и со конвенционални експлозивни полнења.
Си-Ен-Ен не може самостојно да ги потврди овие тврдења, а извештаите за видот и потеклото на ракетите остануваат непотврдени од независни извори. Доколку се покаже дека е вистина, ова би бил прв напад во историјата од интерконтинентална балистичка ракета.
Овој напад доаѓа откако Џо Бајден одобри употреба на американски ракети АТАКМС против цели во Русија и по радикалната промена на нуклеарната доктрина од страна на Русија.