Свет Канада

Карни во посета на Полска, Германија и Летонија

Премиерот на Канада, Марк Карни од утре до 27 август ќе ги посети Полска, Германија и Летонија.

Карни во посета на Полска, Германија и Летонија

Премиерот на Канада, Марк Карни од утре до 27 август ќе ги посети Полска, Германија и Летонија.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Карни, посетата е организирана со цел да се зајакнат односите со европските сојузници и да се развие соработката во трговијата, енергетиката, ретките минерали и колективната одбрана.

Предвидено е Карни да ја истакне континуираната поддршка на Канада за траен мир во Украина и Европа, како и тоа дека не треба да се носат никакви одлуки за Украина без Киев и да не се носат одлуки за Европа без нејзино учество.

To top