Премиерот на Канада, Марк Карни денеска пристигна во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
– На Денот на независноста на Украина, во овој критичен момент во историјата на нивната земја, Канада ја засилува својата поддршка и напори за праведен и траен мир, објави Карни на платформата Икс.
Just arrived in Kyiv, Ukraine.
On this Ukrainian Independence Day, and at this critical moment in their nation’s…
Posted by Mark Carney on Saturday, August 23, 2025
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, ја поздрави посетата на канадскиот премиер.
– На овој посебен ден – Денот на независноста на Украина – особено е важно за нас да ја почувствуваме поддршката од нашите пријатели. А Канада секогаш стои покрај нас, наведе Јермак на Телеграм.
Канадскиот Парламент и Влада синоќа беа осветлени со жолта и сина боја, боите на украинското национално знаме, во знак на солидарност со Украина.
Кабинетот на Карни претходно најави дека тој од утре до 27 август ќе ги посети Полска, Германија и Летонија.
И американскиот државен секретар Марко Рубио го честиташе Националниот празник на Украина.
– САД се посветени на иднината на Украина како независна нација, наведе Рубио, додавајќи оти Вашингтон верува дека „ќе биде постигнат договор што ќе го поддржува суверенитетот на Украина и ќе ја осигури нејзината долгорочна безбедност, а тоа ќе доведе до траен мир“.