Ова е една од најсилните критики упатени до Израел досега од страна на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Американската потпретседателка Камала Харис повика на „итен прекин на огнот“ во Газа, како редок укор на Израел.
„Со оглед на огромното страдање во Газа, мора да има итен прекин на огнот, барем во следните шест недели, што во моментов е на [преговарачка] маса“, рече Харис во неделата.
Во една од најсилните критики на Израел досега од страна на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, Харис рече дека Израел мора да стори повеќе за да дозволи да се достави помош, вклучително и отворање нови гранични премини и ветување дека нема да воведува „непотребни ограничувања“.
„Ова ќе ги извлече заложниците и ќе дојде значителна количина хуманитарна помош.
„Нашите срца се кршат“
„Луѓето во Газа гладуваат. Условите се нехумани и нашата заедничка човечност не принудува да дејствуваме“, рече Харис на 59-годишнината од „крвавата недела“ во Алабама, каде што полицајците ги претепаа американските демонстранти за граѓански права пред речиси шест децении.
„Израелската влада мора да стори повеќе за значително да го зголеми протокот на помош. Нема оправдување“, рече Харис.
What we are seeing every day in Gaza is devastating, and our common humanity compels us to act.
Given the immense scale of suffering in Gaza, there must be an immediate ceasefire for at least the next six weeks. pic.twitter.com/mst8N9HxKa
— Kamala Harris (@KamalaHarris) March 3, 2024