Свет ЕУ

Калас: Сите страни да се воздржат и да се вратат на преговорите по нападот на САД врз Иран

Таа напиша на платформата Икс дека на Иран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.

Калас: Сите страни да се воздржат и да се вратат на преговорите по нападот на САД врз Иран

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска апелираше до сите страни да се воздржат од понатамошни чекори и да се вратат на преговорите, откако Соединетите Американски Држави извршија напади врз три ирански нуклеарни објекти.

Таа напиша на платформата Икс дека на Иран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје.

„Ги повикувам сите страни да се воздржат, да се вратат на преговорите и да спречат понатамошно влошување на ситуацијата“, истакна таа и додаде дека министрите за надворешни работи на Европската Унија утре ќе разговараат за оваа ситуација. (МИА)

To top