Напорите на Либан за разоружување на Хезболах се охрабрувачки почеток, но „сè уште недоволни“, соопшти денеска кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, цитиран од француските медиуми.
Во соопштението се осудува стратегијата на либанското исламистичко движење „за вооружување и обнова на својата терористичка инфраструктура со поддршка на Иран“.
Либанската армија претходно денеска соопшти дека ја завршила првата фаза од својот план за разоружување на Хезболах, кој ја вклучува областа помеѓу Израел и реката Литани, околу 30 километри северно од границата.