Како резултат на нашата одговорна фискална политика, јавниот долг на Кипар достигна најниско ниво од БДП од 2008 година. Станува збор за разврска што има уште поголемо значење во актуелната геополитичка ситуација. Кипар над сè, напиша на Икс кипарскиот претседател Никос Христодулидис, споделувајќи ги податоците за 2025 година за јавниот долг на земјата, што е најнизок во изминатите 17 години, јави дописничката на МИА пд Атина.
Според податоците во кипарските медиуми, со брзо темпо продолжило намалувањето на јавниот долг и минатата година изнесувал 55,5 отсто од БДП, наспроти 62,8 проценти во 2024 година.
Од друга страна, буџетскиот суфицит достигнал 939 милиони евра и како што се очекувало бил понизок за 34,2 отсто во споредба претходната година, но сепак претставува втор најдобар резултат во последните седумнаесет години.
Како процент од БДП, суфицитот изнесувал 2,6 отсто, а 2025 година била четврта последователна година со буџетски суфицит, што овозможило продолжување на брзото намалување на јавниот долг. (МИА)