Свет

Израелските копнени сили стигнале до морето во Газа

Израелските копнени сили стигнале до морето во Газа

Израелската војска во моментов изведува значаен напад во Појасот Газа, изјави вечерва портпаролот на Израелските одбранбени сили, Даниел Хагари. Нападот кој Хагари го опиша како многу обемен, вели дека е насочен кон инфраструктурата на Хамас, како и кон милитанти и високи команданти на терористичката група.

Претходно вечерва, израелската војска соопшти дека нејзините војници стигнале до позиции вдолж брегот на Газа како дел од проширувањето на своите копнени операции, ефективно делејќи го Појасот на два дела.

-Триесет и шестата дивизија на Израелските одбранбени сили стигна до брегот додека работеше на опколување на силите на Хамас и на удар на цели во Газа. Во последните 12 часа, војниците погодија околу 50 цели, вклучувајќи борбени зони, оперативни резиденции, пунктови, воени позиции, подземна инфраструктура и елиминираа терористи, се вели во соопштението на Израелските одбранбени сили.

Во меѓувреме, главната Агенција на Обединетите нации за поддршка на Палестинците во Газа и Црвената полумесечина соопштија дека изгубиле контакт со своите оперативни тимови поради нов прекин на комуникациите во Појасот Газа.

-Жителите на Газа се целосно отсечени од своите најблиски и остатокот од светот, нагласи Агенцијата на ОН.

Прекинот го потврди и Палестинската телекомуникациската компанија „Палтел“, посочувајќи дека Израел во неделата вечер ги прекинал сите интернет и телефонски линии во Појасот Газа.

Ова е трет прекин на телекомуникациите во Појасот од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

To top