Свет Коалиција на слободната флота

Израелскиот министер за одбрана нареди војската да го спречи бродот со Грета Тунберг да се приближи кон Газа

Јасно им велам на антисемитистката Грета и нејзините пријатели – вратете се назад, бидејќи нема да стигнете до Газа“, наведе Ка

Израелскиот министер за одбрана нареди војската да го спречи бродот со Грета Тунберг да се приближи кон Газа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека и наредил на армијата да го спречи бродот што ја превезува климатската активистка Грета Тунберг да доплови кон Газа. Пловењето на „Маделин“, на која се наоѓаат Тунберг и уште 11 активисти, беше организирано од непрофитната организација „Коалиција на слободната флота“.

Бродот се обидува да стигне до Газа за, според екипажот, да достави помош во Газа, според „Тајмс оф Израел“.

Кац рече дека Израел нема да дозволи никому да ја прекрши поморската блокада на Газа.

„Им наложив на израелските одбранбени сили да дејствуваат за да не стигне Маделин до Газа. Јасно им велам на антисемитистката Грета и нејзините пријатели – вратете се назад, бидејќи нема да стигнете до Газа“, наведе Кац во соопштението.

Во меѓувреме, според Ал Џезира, Грета Тунберг изјави дека ќе се обиде да ја пробие блокадата и да отвори хуманитарен коридор кон Газа.

Еден од членовите на екипажот, францускиот доктор Баптист Андре, за Ал Џезира изјави дека дронови летаат над бродот со часови, дека на бродот има многу медицинска помош и дека се во постојан контакт со многу луѓе, вклучително и со француското Министерство за надворешни работи.

To top