Свет

Израелски претставник пред Советот за безбедност на ОН: Израел ќе се брани

Постојаниот претставник на Израел во Обединетите нации, Дени Данон, изјави пред Советот за безбедност на организацијата дека Израел не ја исклучува можноста за нови напади врз цели на либанската шиитска група Хезболах, јави ДПА.

-Нема да дозволиме Хезболах да продолжи со своите провокации. Нејзините дејствија се во спротивност со меѓународното право и Израел ќе се брани… Израел не бара проширување на конфликтот во регионот. Сепак, ќе направиме се што е потребно за да ги вратиме нашите граѓани кои живеат во северен Израел во своите домови, изјави израелскиот амбасадор во ОН во Њујорк.

Во меѓувреме, Розмари Ди Карло, потсекретарка на ОН за политички прашања, ги повика сите земји со влијание врз Израел и Хезболах да „го користат сега“ за да спречат ескалација на насилството на Блискиот Исток. Таа истакна дека „ескалацијата на конфликтот може да ги надмине димензиите на опустошувањето и човечкото страдање во регионот“ видени досега.

-Никој на овој свет отсега не е безбеден. Тука сум да ве повикам јасно и категорично да ги осудите израелските терористички напади, рече либанскиот министер за надворешни работи и миграција, Абдула Бу Хабиб пред Советот за безбедност на ОН.

Во израелски воздушен напад во либанската престолнина Бејрут, вчера беа убиени двајца високи команданти на Хезболах. Вкупниот број на жртви на нападот е најмалку 14 лица.

To top