Свет

Израелски демонстранти бараат ослободување на заложниците во Газа

Демонстранти во Израел денеска палеа гуми и блокираа автопати, барајќи прекин на огнот кој би овозможил ослободување на преостанатите заложници во Газа. Протестите се одржуваат додека израелските лидери подготвуваат нова офанзива против Хамас, за која велат дека е неопходна за уништување на организацијата.

Палестинците во Газа, кои се соочуваат со раселувања, разурнувања и глад, се подготвуваат за нов бран израелски напади. Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе одржи состанок на кабинетот, иако не е јасно дали ќе се разговара за можен прекин на огнот.

Нетанјаху изјави дека Израел ќе ја прошири офанзивата во градот Газа, но паралелно ќе се обиде да постигне договор за примирје. Тој тврди дека нападот е најдобриот начин да се ослабне Хамас и да се вратат заложниците. Но, семејствата на заложниците и нивните поддржувачи се спротивставија на таа стратегија.

– Вратете се на преговарачка маса. На масата има добар договор, можеме да работиме со него, изјави Руби Чен, татко на 21-годишниот Израело-Американец Итаи Чен, чието тело сè уште се наоѓа во Газа.

На 7 октомври 2023 година, Хамас зароби 251 лице. Поголемиот дел беа ослободени за време на привремено примирје, Израел успеа да спаси само осум заложници, а 50 остануваат во Газа, од кои 20, според Израел, се живи.

Протестите следеа по вчерашниот израелски напад врз главната болница во јужна Газа, во кој загинаа пет новинари и уште 15 лица. Нападот предизвика осуди ширум светот и беше наречен еден од најсмртоносните удари врз новинари и медицински установи. Нетанјаху го оквалификува како „трагична несреќа“ и најави воена истрага.

To top