Израелската војска соопшти дека нејзините воздушни сили таргетирале денеска илјадници ракетни лансери во јужен Либан што претставувале „непосредна“ закана, бидејќи се зголемиле стравувањата од сеопфатна војна со либанската група Хезболах.
Израелски авиони „погодиле илјадници фрлачи кои биле подготвени за итна употреба за гаѓање кон израелска територија“, како и „приближно 180“ други, неодредени цели, се вели во соопштение.