Свет Газа

Израелската армија започна нова воена операција во Кан Јунис

-Европската унија им се придружува на Египет, Катар и САД „во нивниот повик за склучување, без одлагање, договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, рече Борел во објавата на „X“.

Израелската армија започна нова воена операција во Кан Јунис

Израелската армија започна нова воена операција во областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа во услови на страв од поширок конфликт на Блискиот Исток и зголемените повици ширум светот за прекин на огнот, јави ДПА.

Разузнавањето откри дека има борци во областа и дека тие се реорганизирале таму по последното повлекување на израелските одбранбени сили (ИДФ), соопшти денеска војската.

Покрај тоа, воздухопловните сили нападнаа повеќе од 30 цели поврзани со палестинската исламистичка група Хамас, вклучително и складишта за оружје, соопшти ИДФ. Се истакнува дека неколку милитанти биле убиени во тие напади.

Израелската војска беше активна против борбените единици на Хамас во Кан Јунис во неколку наврати и во подолг временски период, но потоа се повлече на фиксни позиции надвор од градот.

Израел се најде под меѓународна критика со оглед на високиот број цивилни жртви и страшната хуманитарна ситуација во Газа.

Како што продолжуваат непријателствата, највисокиот дипломат на Европската унија Жозеп Борел ги повика Израел и Хамас да ги продолжат преговорите за прекин на огнот во Газа и договор за заложници за затвореници на 15 август.

-Европската унија им се придружува на Египет, Катар и САД „во нивниот повик за склучување, без одлагање, договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, рече Борел во објавата на „X“.

Сепак, екстремно десничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, го означи предложениот договор кој вклучува прекин на огнот во Газа како „опасна замка“.

Смотрич денеска на „X“ напиша дека секој таков договор што ќе стави крај на војната во Појасот Газа пред да биде уништена палестинската исламистичка милитантна група Хамас, ќе му овозможи на Хамас повторно да се групира и да убива Евреи. Тој го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не падне во „стапицата“.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top