Свет израел

Израелската армија тврди дека го убила и воениот шеф на Хамас – Мохамед Деиф

Еден ден по убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија во Техеран, Израелската армија објави дека го убила и воениот шеф на Хамас Мохамед Деиф во воздушен напад во Појасот Газа на средината од Јули.

Во соопштението на израелските вооружени сили се појаснува дека Деиф е убиен порано, но сега има потврда за неговата смрт.

– На 13 јули 2024 година борбени авиони на ИДФ нападнале во регионот Кан Јунис и по анализата на разузнавачките информации може да се потврди дека Мохамед Деиф бил елиминиран во тој напад“.

Според израелските информации, Деиф, заедно со политичкиот шеф на Хамас, Исмаил Ханија кој беше убиен вчера во Иран и Јахја Синвар, за кој се верува дека е во Појасот Газа, бил еден од главните организатори на големиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Во исто време зачестуваат информациите дека Иран ќе се одмазди за убиството на Ханије, а според пишувањата на Њу Јорк Тајмс, Израел ќе биде нападнат со беспилотни летала и проектили, а на мета ќе бидат Тел Авив и Хаифа. Дипломати од ЕУ и САД сепак водат итни разговори за да спречат целосна војна на Блискиот Исток поради атентатот на шефот на политбирото на Хамас Исмаил Ханије, објави Фајненшл тајмс.

„Вашингтон пост“ пак ги цитираше американските официјални претставници кои велат „Сè уште работиме на ограничување на ситуацијата, никој не сака регионална катастрофа“.

To top