Израелската војска пронашла тунел под болницата „Ал-Шифа“ во Газа, што бил користен од милитантите на Хамас. Објавија видео од тунелот, сместен во надворешен простор на најголемата болница во Газа.
Видеото прикажува длабока дупка во земјата, окружена со бетон, песок и дрвени отпадоци. Армијата во болницата пронашла и возило полно со оружје, но и телата на две жени кои биле земени како заложници од Хамас на 7 октомври.
Израелските одбранбени сили продолжуваат со сложената операција против Хамас во болницата „Ал-Шифа“, каде што се проверува секој спрат, стои меѓудругото во најновото соопштение.