Свет оптички нишан со вештачка интелигенциј

Израелската армија распореди воена технологија со вештачка интелигенција во Појасот Газа

Израелската армија распореди воена технологија со вештачка интелигенција првпат во конфликтот во Појасот Газа, што ги зголеми стравувањата од употреба на автономно оружје во модерното војување.

Израелската армија распореди воена технологија со вештачка интелигенција во Појасот Газа

Зголемениот број на цивилни жртви покажува дека е потребен многу поголем надзор над употребата на нови форми на воена технологија. Сега се соочуваме со најлошата можна ситуација на смрт и страдање што ја гледаме денес, некои од нив се предизвикани од новата технологија, изјави експертот за оружје во „Хјуман рајтс воч“, Мери Варехам.

Израелската војска користи оптички нишан со вештачка интелигенција, направен од израелскиот стартап „Смарт шутер“ (Smart Shooter), кој се прикачува на оружје како пушки и митралези.

Повеќе од 150 земји во декември ја поддржаа резолуцијата на ОН со која се идентификуваат „сериозните предизвици и грижи“ околу новата воена технологија и „вештачката интелигенција и автономните системи за оружје“.

Најнови вести од Свет

To top