Свет Ужас

Израелската армија објави дека погодила 1.300 цели во Либан

Размената на оган меѓу Хезболах и израелската војска се интензивираше откако пред неколку дена се случија експлозиите на комуникациските уреди на Хезболах – кои му се припишуваат на Израел.

Израелската армија објави дека погодила 1.300 цели во Либан

Израелската армија вечерва објави дека во текот на денот погодила 1.300 цели на Хезболах во Либан, од чија територија оваа проиранска исламистичка организација се впушта во се поинтензивна размена на оган со еврејската држава.

Бројот на погодени цели го соопшти воениот портпарол контраадмирал Даниел Хагари на брифинг со новинарите и најави дека наредните денови ќе бидат сложени.

Претходно, израелската армија соопшти дека погодила повеќе од 1.100 цели на Хезболах во Либан во изминатите 24 часа и дека тоа се „згради, возила и инфраструктура каде што има ракети, проектили, ракетни фрлачи и беспилотни летала“ кои претставуваат закана за Израел.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант објави дека ова е една од најтешките недели за Хезболах откако е основан во 1982 година, велејќи дека „десетици илјади ракети и прецизна муниција се неутрализирани“.

Размената на оган меѓу Хезболах и израелската војска се интензивираше откако пред неколку дена се случија експлозиите на комуникациските уреди на Хезболах – кои му се припишуваат на Израел.

Минатиот вторник и среда убија 39 лица, а повредија 2.931. Во петокот, израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут му зададе нов удар на Хезболах убивајќи го командантот на елитната единица Радван и 16 нејзини членови.

Командантот на либанскиот јужен фронт, Али Караки, кој беше најважната цел, не е погоден во денешниот напад на Израел врз тие предградија, соопшти Хезболах.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top