Свет Хамас

Израелска армија: Ликвидиран е командантот на Хамас, кој држеше 1.000 заложници во болница

Војската соопшти дека Сијам бил убиен додека се криел во училиштето Ал Бурак во градот Газа.

Израелска армија: Ликвидиран е командантот на Хамас, кој држеше 1.000 заложници во болница

Израелската армија соопшти дека го ликвидирала командантот на Хамас, Ахмед Сијам, кој, како што се наведува, „држел како жив штит околу 1.000 жители на Газа во болницата Рантиси“.

Во соопштението се наведува дека по разузнавачките информации собрани од Шин Бет и Управата за воено разузнавање, израелските војници упатиле борбен авион да ја нападне локацијата каде што се наоѓал Сијам, командантот на единицата Насер-Радван на Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Војската соопшти дека Сијам бил убиен додека се криел во училиштето Ал Бурак во градот Газа, заедно со други оперативци на Хамас под негова команда. (МИА)

To top