Свет Тајмс оф Израел

Израел привел четворица Палестинци кои ги ослободи во договорот со Хамас

Како што пишува „Тајмс оф Израел“, меѓу уапсените се Абдалах Ал-Валвил, Самех Шубаки, Мајсара Афанех и Маргарет Ал-Раи, а Израел сè уште официјално не ги коментирал овие наводи.

Израел привел четворица Палестинци кои ги ослободи во договорот со Хамас

Палестинските медиуми објавија дека израелските сили (ИДФ) синоќа во градот Калкилија, на Западниот Брег, уапсиле четворица Палестинци, кои биле ослободени како дел од неодамнешниот договор за прекин на огнот и размена на заложници меѓу Израел и Хамас.

Како што пишува „Тајмс оф Израел“, меѓу уапсените се Абдалах Ал-Валвил, Самех Шубаки, Мајсара Афанех и Маргарет Ал-Раи, а Израел сè уште официјално не ги коментирал овие наводи.

Ова е првиот регистриран случај Израел повторно да апси лица кои биле ослободени како дел од неодамнешниот договор.

За време на прекинот на огнот помеѓу јануари и март, Израел ослободи речиси 2.000 палестински безбедносни затвореници во замена за ослободување на 30 заложници од Газа и телата на осум убиени заробеници.

To top