Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска во Тел Авив дека Израел го прифатил предлогот за надминување на разликите што спречуваа прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа и го повика Хамас да го стори истото.
Блинкен тоа го изјави вечерва по двоиполчасовната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржана во Ерусалим, а пред утрешната очекувана посета на Египет.
САД, Египет и Катар со месеци се обидуваат да постигнат договор.
Блинкен не кажа дали предлогот за премостување на јазот се однесува на барањата на Израел за контрола на двата стратешки коридори во Газа, за кои Хамас вели дека не може да успеат или други прашања што долго време ги попречуваат разговорите.
„На многу конструктивен состанок со премиерот Нетанјаху денеска, тој ми потврди дека го поддржува предлогот да се премости (јазот). Следниот важен чекор е Хамас да каже „да““, рече Блинкен.