Свет

Израел потврди дека загинал високиот командант на Хезболах во југоисточниот дел на Либан

Израел потврди дека загинал високиот командант на Хезболах во југоисточниот дел на Либан

Израелската армија денеска соопшти дека во нападот на командниот и контролниот центар на либанската, проиранска група Хезболах на југоистокот од Либан, загинал високиот командант на таа милитантна организација Талеб Абдалах, како и уште тројца борци на Хезболах.

Како одговор на убиството на Абдалах, Хезболах лансираше десетици проектили врз цели во северниот дел на Израел.

Ова, како што наведуваат светските агенции, претставува значајна ескалација на конфликтот, иако секојдневно има размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах од избувнувањето на војната во Појасот Газа.

To top