Свет војна

Израел потврди дека уништил „хемиско оружје“ во Сирија

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар потврди дека во изминатите денови израелските сили извршиле напади за уништување на „хемиско оружје“ во Сирија, со цел да спречат тоа да падне во рацете на радикални исламистички бунтовници кои го соборија режимот на Башар ал Асад.

– Оние кои се спротивставуваат на Дамаск денес се водени од екстремната идеологија на радикалниот ислам и затоа ги нападнавме системите за стратешко оружје во Сирија, како што се остатоци од хемиско оружје или ракети со долг дострел, за да спречиме да паднат во рацете на екстремистите, рече Саар на прес-конференција во Ерусалим.

– Што се однесува до новите господари на Дамаск и со оглед на нивното минато, нашите очекувања се реални и ќе ги следиме мерките и активностите што ги преземаат, рече израелскиот министер за надворешни работи.

Тој додаде дека приоритет останува безбедноста на Израел и неговите граѓани.

Покрај нападите во Сирија, изминатите денови Израел издаде наредба војската да ја преземе контролата врз тампон зоната на сириска територија која граничи со окупираниот и анектиран од Израел дел од Голанската висорамнина.

Според Сириската опсерваторија за човекови права, Израел синоќа изврши неколку напади врз воени позиции и складишта за оружје во неколку региони на Сирија по бегството на Башар ал Асад.

To top