Свет „геноцид“

Израел поднесе жалба до ОЕЦД поради трговскиот бојкот на Турција

Вака се однесува диктаторот, напиша Кац на X.

Израел поднесе жалба до ОЕЦД поради трговскиот бојкот на Турција

Израелската влада поднесе жалба против Турција до Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) откако Анкара привремено ја прекина трговијата со Израел поради војната во Газа.

Израелскиот министер за економија Нир Баркат во објава на Х го нарече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган „антисемитски диктатор“ кој го прекршува меѓународното поморско право и ги нарушува глобалните синџири на снабдување со трговскиот бојкот.

Баркат напиша дека Израел очекува ОЕЦД да преземе мерки против Турција поради „заблудната одлука на Ердоган, која и штети на целата европска економија“, пренесе ДПА.

Ердоган, пак, ги бранеше одлуките на Турција велејќи дека „веќе не е можно да се биде трпелив“ во услови на израелската војна во Газа. Турскиот претседател постојано го обвинува Израел дека извршил „геноцид“ врз Палестинците.

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, ја осуди одлуката на Ердоган велејќи дека таа е штетна за интересите на турскиот народ и бизнисот.

– Вака се однесува диктаторот, напиша Кац на X.

Ердоган го истакна обемот на трговска размена од 9,5 милијарди долари, од кој Турција сега се откажува. Според турскиот статистички институт, трговската размена меѓу Израел и Турција во 2023 година изнесувала 6,8 милијарди долари.

Израел минатата година беше 12-ти најважен трговски партнер на Турција.

To top