Свет војна

Израел, по речиси две години, ќе го отвори граничниот премин Рафа

На 1 февруари ќе биде отворен граничниот премин помеѓу Појасот Газа и Египет. Преминот Рафа по речиси две години ќе биде отворен во двата правци.

Повторното отворање на преминот Рафа претставува значаен чекор во рамките на планот за прекин на огнот во Појасот Газа предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.

Преминот Рафа, главниот излез на палестинската енклава кон светот, во голема мера затворен е од мај 2024 година.

Израел и Египет ќе ги проверуваат лицата кои сакаат да излезат или влезат, а тие ќе бидат следени од агенти на граничната патрола на Европска Унија.

На Палестинците кои ја напуштија Газа за време на војната ќе им биде дозволено да се вратат откако ќе добијат израелска безбедносна дозвола.

Израел се спротивстави на повторното отворање на преминот, но враќањето на телото на последниот заложник од Газа во понеделник овозможи процесот да продолжи.

Најнови вести од Свет

To top