Израелските власти денеска соопштија дека оваа недела се уапсени 200 членови на Хамас и се однесени кај надлежните израелски власти на дополнително испитување.
Во соопштението се наведува дека некои од осомничените се криеле меѓу цивилното население и доброволно се предале, јавува Би-Би-Си.
Израел објави дека 700 палестински милитанти се уапсени од почетокот на воената операција и инвазијата на Појасот Газа со цел да се елиминира Хамас.