Свет мапата за евакуација на цивили

Израел објави нова мапа на Газа, поделена е на стотици зони

Израелската армија направи мапа на Газа која е поделена на стотици зони. Се наведува дека мапата ќе се користи како помош за евакуација. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија нова мапа, со подрачја означени со различни бројки и објаснија како таа ќе им помогне на цивилите да се подготват за следната фаза од војната, пишува Би-Би-Си.

Израел објави нова мапа на Газа, поделена е на стотици зони

ИДФ вели дека мапата е поделена на препознатливи области за да им се овозможи на луѓето да се евакуираат од одредени места за своја безбедност.

Со тоа Појасот Газа се дели на зони за да им овозможи на жителите „да се ориентираат, да ги разберат упатствата и, доколку е потребно, да се преселат на безбедно од одредени локации“.

Повеќедневното примирје меѓу Израел и Хамас заврши денеска. Израел го обвини Хамас за прекршување на примирјето, велејќи дека не се придржува до договорот, додека милитантната организација ја префрли одговорноста на Западот.

To top