Свет Тајмс оф Израел

Израел не очекува МСП да нареди прекин на војната во Газа

Неименувани функционери во Министерството велат дека МСП може да издаде некои судски наредби против Израел, но нема да нареди итен прекин на борбите.

Израел не очекува МСП да нареди прекин на војната во Газа

Израелското Министерство за правда не очекува Меѓународниот суд на правдата во Хаг да наложи Израел да ја прекине војната во Појасот Газа, пишува Тајмс оф Израел.

Јужноафриканската Република упати итно барање до МСП да го принуди Израел „веднаш да ги прекине“ своите воени операции во Газа, и обвини за спроведување геноцид на таа територија. Во Хаг денеска ЈАР ги изнесува своите аргументи, а утре истото ќе го направи и Израел.

Неименувани функционери во Министерството велат дека МСП може да издаде некои судски наредби против Израел, но нема да нареди итен прекин на борбите.

Ваквите наредби, сметаат тие, би можеле да се однесуваат на барањето Израел да дозволи да се достави поголема помош до Појасот Газа, да формира истражно тело или да им дозволи на Палестинците да се вратат во своите домови на северот од енклавата. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top