Свет

Израел ќе продолжи да ја губи поддршката ако не го смени курсот во Појасот Газа

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година досега во израелските напади врз Појасот Газа загинаа повеќе од 31.000 луѓе. 

Израел ќе продолжи да ја губи поддршката ако не го смени курсот во Појасот Газа

Шефицата на австралиската дипломатија Пени Вонг денеска го предупреди Израел дека ќе ја изгуби поддршката „ако не го смени својот курс“ во Појасот Газа.

-На 7 октомври имаше терористички напад и тогаш светот со право беше многу сочувствителен и солидарен со Израел. Мислам дека светот е ужаснат од моменталната ситуација, од загубата на невини цивилни животи и обемот на хуманитарната криза и ќе кажам дека Израел ќе продолжи да ја губи поддршката доколку не го промени својот курс, изјави Вонг на Австралискиот бизнис самит (Australian Financial Review Business Summit).

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година досега во израелските напади врз Појасот Газа загинаа повеќе од 31.000 луѓе.  (МИА)

To top