Свет

Израел ја потврди ликвидацијата на лидерот на военото крило на Хамас, Мохамед Деиф

Во денешното соопштение израелската армија наведува дека „по разузнавачка проценка може да се потврди дека Мохамед Деиф бил елиминиран во нападот“.

Израел ја потврди ликвидацијата на лидерот на военото крило на Хамас, Мохамед Деиф

Израелската армија денеска потврди дека во воздушен напад го ликвидирала шефот на военото крило на Хамас, Мохамед Деиф.

Израел го нападна Деиф во нападот на 13 јули кога беше погоден комплекс во предградието на градот Кан Јунис во јужна Газа, но до денеска немаше потврда дека Деиф е убиен. Повеќе од 90 други лица, вклучително и раселени цивили во блиските шатори, беа убиени во нападот, соопштија тогаш здравствените власти во Газа.

Во денешното соопштение израелската армија наведува дека „по разузнавачка проценка може да се потврди дека Мохамед Деиф бил елиминиран во нападот“.

Деиф беше еден од основачите на бригадите Касам, военото крило на Хамас. Под негова команда, таа изврши десетици самоубиствени бомбашки напади врз Израелци во автобуси и кафулиња. (МИА)

To top