Израел и Хамас се договорија за делумна размена на затвореници, јави телевизијата Ал Арабија.
„Постигнат е договор за размена на палестински жени и деца приведени од Израел за стотина израелски заложници држени од Хамас“, соопшти саудиската телевизија.
За време на борбите во јужен Израел, Хамас зароби, според различни извори, до 250 луѓе. Меѓу нив има војници и цивили. Освен тоа, како заложници биле земени и државјани на трети земји.
Военото крило на Хамас, Бригадaта Ал-Касам, минатата недела соопшти дека повеќе од 60 затвореници биле убиени во израелските напади врз Појасот Газа. Телата на многу жртви се уште се закопани под урнатините.