Свет израел

Израел го обвинува Хамас за напуштање на делови од договорот за прекин на огнот

Израелските власти го обвинија Хамас во четвртокот утрото дека се откажал од некои делови од договорот за прекин на огнот, по што висок функционер на палестинското милитантно движење Изат ал-Решик, изјави дека групата е посветена на договорот објавен од посредниците во средата.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека Хамас се повлекол од некои делови од договорот и дека создава „криза во последен момент“ во финализирањето на ослободувањето на заложниците и договорот за прекин на огнот во Газа.

„Хамас игнорира некои точки од договорот постигнат со посредниците и Израел во обид да изнуди отстапки во последен момент“, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесе AFP.

Се наведува и дека израелската влада нема да се состане за да го ратификува договорот додека посредниците не го известат Израел дека Хамас ги прифатил сите елементи од договорот.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата официјално објави дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците што ќе ги прекине борбите во Газа и ќе ја зголеми хуманитарната помош за палестинските цивили.

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдул Рахман ал-Тани рече дека договорот ќе стапи на сила во недела откако ќе биде одобрен од израелската влада.

To top