Свет војна

Израел го гаѓаше центарот на Појасот Газа, тенковите навлегоа подлабоко во Рафaх

Израелските сили го нападнаа центарот на Појасот Газа во средата, при што загинаа најмалку девет Палестинци, додека израелските тенкови истовремено навлегоа подлабоко во градот Рафах на југот на енклавата.

Израел го гаѓаше центарот на Појасот Газа, тенковите навлегоа подлабоко во Рафaх

Израелските сили го нападнаа центарот на Појасот Газа во средата, при што загинаа најмалку девет Палестинци, додека израелските тенкови истовремено навлегоа подлабоко во градот Рафах на југот на енклавата.

Осум лица загинаа во израелски воздушен напад околу полноќ врз куќа во Ал-Завида во центарот на Појасот, соопштија здравствените власти. Уште еден човек е убиен во нападот на Нусејрат, еден од осумте бегалски кампови во енклавата каде што беа убиени 23 лица во воздушен напад врз училиште ден претходно.

Според изјави на жителите дадени преку апликации за разговор со светските агенции, израелските тенкови ги нападнале источните делови на камповите Ал-Буриџ и Ал-Магази во центарот на енклавата. Таму била уништена џамија.

Во исто време, тенковите во Рафах извршија напад на северот на тој град на самиот југ од енклавата кон границата со Египет, пред да се повлечат. Ова е класична тактика на израелските сили пред да извршат подлабоки напади. Тенковите напаѓаат големи делови од градот од мај, иако сè уште не навлегле подлабоко во неговите северни делови, пренесува Reuters.

Службите за итни случаи известуваат дека две лица загинале во израелски воздушен напад во Рафах во средата, а локалните жители известуваат дека Израел уништил неколку десетици куќи.

Израелската армија тврди дека спроведува „прецизни операции засновани на разузнавачки информации“ во Рафах. Израел тврди дека елиминирал терористичка ќелија и минофрлач за кој вели дека бил користен за напад на неговата војска. Израелската армија објави дека во текот на изминатиот ден нападнала 24 цели низ палестинската енклава и дека нејзини војници дејствувале во центарот на Појасот.

Девет месеци по почетокот на израелската офанзива, палестинските борци предводени од групата Хамас сè уште успеваат да ги напаѓаат смртоносно израелските сили со противтенковски ракети и гранати, а понекогаш и да ја ракетираат израелската територија.

To top