Израел ги отповика своите амбасадори во Шпанија, Ирска и Норвешка.
Исто така ги покани и амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка во Израел на разговор, на кој ќе гледаат снимки од киднапирањето на израелски војници на 7 октомври.
„Историјата ќе памети дека Шпанија, Норвешка и Ирска решија да доделат златен медал на убијците и силувачите на Хамас, кои силуваа тинејџерки и палеа бебиња. Наредив веднаш да бидат повикани амбасадорите на разговор за време на кој ќе гледаат ужасно видео од киднапирање, за да им илустрираме каква извртена одлука донеле нивните влади. Израел нема да го надмине тивко тоа – нивниот потег ќе има сериозни последици“, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.
Ирска, Шпанија и Норвешка денеска објавија дека ќе ја прогласат независноста на палестинската држава. Потег што го разгневи Израел.