Свет војна

Израел ги повика цивилите во западните делови на Газа да го напуштат градот

Израелската армија (ИДФ) упати „итен апел“ до палестинските цивили во западните делови на градот Газа да го напуштат тоа подрачје и да се преселат на југ кон централна Газа, укажувајќи дека планира да ги засили воените операции во областа.

Мапата објавена од портпаролот на ИД покажува наредби за евакуација за поголемиот дел од крајбрежјето на градот, вклучувајќи го бегалскиот камп Ел Шати, Шеик Радван и Тел ел Хава, област која ја вклучува и болницата Шифа во Појасот.

Хамас денеска го повтори барањето, кое го упати по состанокот на израелските официјални претставници со претставниците на Катар и Египет, дека ослободувањето на сите заложници што ги држи ќе бара гаранции за прекин на сите израелски воени операции во Појасот Газа и повлекување на сите израелски инвазивни сили.

To top