Ќерката на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Иванка, изјави дека е подготвена да го поддржува својот татко во следните четири години, а функцијата претседател е најосамената позиција на светот.
На поткаст, таа изјави дека функцијата претседател вклучува огромен број одлуки кои се носат на дневна основа и дека со нетрпение очекува да биде ќерка на Доналд Трамп во следните четири години, пренесе „Фокс њуз“.
„Најмногу се радувам што ќе можам да бидам со него, да му го тргнам умот од работите, да гледам филм со него или да гледам спортски натпревар, да знам дека може да биде со мене и да биде свој и само да се опушти и дека ќе можам да му го овозможам тоа со многу љубов како негова ќерка“, изјави Иванка Трамп, која беше советничка на Трамп за време на неговиот прв мандат.